Овошна вода за подобро здравје

Во светот веќе некое време е хит ароматизираната вода, односно водата збогатена со овошје.
Еве како истата да си ја подготвите дома.
Основниот рецепт вклучува вода и овошје, како и зачини по желба.
Исечете го овошјето на помали парчиња. Може да ги користите и зачините како лаванда, роза, ванила и слично.
Добра комбинација е и ѓумбирот или чиа семето.
Во чаша или шише ставете го овошјето, зачинот по избор.
Додадете вода и добро измешајте со дрвена лажица за сите состојки да ги пуштат своите сокови и ароми.
Садот наполнете го со вода до врвот и уште еднаш добро измешајте, па оставете ја десетина минути, а потоа е подготвена за консумација.
Водата може и да преноќи во фрижидерот и да се конзумира утредента.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.