Овој детокс напиток е тајната формула на Здравко Чолиќ да изгледа како момче и на 72 години: Евтино и неверојатно здраво!

Легендарниот Здравко Чолиќ освен што со децении импресионира со извонредниот глас, воодушевува и со својот младешки изглед и неверојатна енергија на која би позавиделе многу помлади луѓе. Дали постојат некои одредени трикови одговорни за тоа?

Генетиката секако игра важна улога, но Здравко Чолиќ (72) со години е во топ форма и поради здравјето, и поради работата. Неговите енергични настапи, со кои дури и неуморниот Мик Џегер тешко би држел чекор, бараат многу кондиција, додека истовремено ве одржуваат во истата.

Познатиот пејач бил „уловен“ од папараците во 2022 година, како и една година претходно, како тренира на Кошутњак, правејќи вежби за стомак, потоа вежби за истегнување, а практикувал и брзо одење.

Музичката легенда, во мај минатата година открил дека користи хипербарична комора која го прави младолик и воедно го чува здравјето на неговите гласни жици. Чолиќ оди на медицински третман, на база на чист кислород. Кислородот се вдишува под притисок поголем од атмосферскиот. Доволен е краток престој како би се манифестирале ефектите.

Славниот Чола е љубител на гурманската храна, што пред неколку месеци го потврдила и готвачката во познатиот белградски ресторан кој пејачот редовно го посетувал: „Секогаш нарачуваше домашни јадења кои беа на менито во ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и проја што јас ја месев. Често доаѓаше и со семејството, па дури и нарачуваше храна на телефон и доаѓаше само да ја земе. Бидејќи сме ресторан со национална кујна, немавме модерни колачи, но правевме вистинска лења пита, кремпити кои некогаш ги подготвувале нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа го обожуваше.“

Чолиќ е познат и како голем хедонист, па затоа неговите ручеци се опишани како вистинска драматургија со акцент на тоа што имаат вовед, елаборација и заклучок. И секогаш почитувал, од аперитив, предјадење, главно јадење (најчесто риба), омилениот пијалак, десерт и на крај уште една чаша од омилениот пијалак.

Меѓутоа, Чола секогаш знаел каде е мерката. Доколку тој и неговите пријатели уживале во гурманлакот неколку дена по ред, прави пауза од неколку дена како би тренирал и го освежи телото со природни пијалаци. Неговиот детокс се свежо цедените сокови. Секој ден тој цеди по пет килограми портокали и четири килограми цвекло. Велел дека тогаш и соковникот се „уморувал“.

А Чола е љубител и на сарма, полнети пиперки, но и стек и зелена салата кои често и самиот ги подготвувал. Обожувал и специјалитети од Истра, односно медитеранска храна во која уживал кога летувал со семејството.

Експертите често истакнуваат дека овој вид исхрана е многу благотворна по здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.