Овој зеленчук дебелее повеќе и од месо?

Првиот совет што го добиваме кога одиме на диета е да јадеме што повеќе зеленчук, но тоа не е секогаш добра одлука. Имено, научниците од Харвард утврдија дека одредени сорти зеленчук можат да придонесат за дебелеење.
Во истражувањето, кое траело 20 години, учествувале 130.000 луѓе, а научниците ги следеле нивните навики во исхраната, како и храната што ја консумирале.


Тие со голема сигурност потврдија дека зеленчукот кој најмногу дебелее, е пченка, компир и грашок.
Пченката се покажа како најлоша со 0,9 килограми повеќе во последните две години од зголемувањето на порцијата на овој зеленчук. Причината за тоа е високиот гликемиски индекс, интензивно зголемување на шеќерот во крвта после потрошувачката, што го зголемува чувството на глад.
Интересно, луѓето кои јаделе зеленчук богат со растителни влакна, како грав, по некое време изгубиле тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.