Овој освежителен тарт со јагоди е совршен пролетен десерт

Нема ништо подобро да ве потсетува на пролетта отколку овој лесен и освежувачки тарт со јагоди!
Овој освежителен тарт со јагоди е совршен пролетен десерт
Станува збор за совршено тесто наполнето со крем сирење со малку лимон и освежителен допир од вкусните јагоди. Засукајте ги ракавите и подгответе го овој десерт затоа што рецептот е толку добар, па пред да дојде летото ќе го направите неколкупати!
Потребни состојки за тестото:
250 г брашно
150 г путер
50 г шеќер
2 лажици павлака
сок од половина лимон
Потребни состојки за филот:
120 г слатка павлака
230 г крем сирење
100 г шеќер


сок и кора од 1 лимон
1 лажичка екстракт од ванила
јагоди за украсување
Начин на подготовка:
Подготовка на тестото:
Ставете го брашното на работната површина, додајте го путерот издробен на коцки и направете ронливо тесто со прстите.
Додадете го шеќерот, кремот и изрендајте кора од лимон и замесете мазно тесто.
Ставете го во фрижидер половина час, а потоа расукајте кора.
Пред печење, нежно избуцкајте го тестото со вилушка на неколку места, нанесете го во модла за тарт и испечете го во рерната на 160 ᵒС.
Откако ќе се испече, извадете го и оставете да се излади на собна температура.
Подготовка на филот:
Во голем сад изматете ја слатката павлака.
Во друг голем сад, изматете ги заедно крем сирењето и шеќерот додека не се добие мазна смеса.
Додајте сок од лимон, рендана кора од лимон и екстракт од ванила.
Промешајте додека не се соединат сите состојки. Добиениот шлаг додадете во во другата смеса, па измешајте со лажица или шпатула и додајте го во претходно изладениот тарт.
Израмнете ја смесата рамномерно низ целата површина.
Начин на украсување:
Исечкајте јагоди на поголеми парчиња и наредете ги во круг околу горниот дел на колачот, сè додека не стигнете до средина.
Тартот ставете го фрижидер и оставете го да се олади околу 2 часа.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.