Овој трик ја отстранува болката во нозете за неколку минути: Спречете ги последиците од носење потпетици!

Долготрајното носење високи потпетици може да има последици на стапалата и потколениците. Сепак, оваа честа и непријатна болка може значително да се намали со една едноставна вежба, еве која.
Анатомијата на долниот дел од нозете, освен пречестото носење штикли, може да ја нарушат и лошите чевли, но и лошото држење на телото. Физичките терапевти препорачуваат вежба која вклучува одење по петицата, бидејќи може да помогне во рехабилитација на благи повреди на потколениците и напнати мускули.
Вежбата може да се изведе така што ќе започнете со петицата, а потоа ќе ја спуштите целата должина на стапалото до прстите.

Предниот тибијален мускул е долг мускул кој го поддржува долниот дел на ногата. Оваа група на мускули се активира со свиткување на стапалата или свиткување на прстите кон долниот дел на нозете. Одење по петицата ги балансира мускулите кои ги насочуваат прстите кон подот.
Жените кои често носат високи потпетици го прифаќаат начинот на одење прсти-пети кои ги ослабуваат мускулите на потколеницата. Овој начин на одење може да влијае и на нерамнотежата на карлицата и да доведе до проблеми со грбот. Поумерено носење високи потпетици и корекција на нерамнотежата во долниот дел на нозете со вежбање одење на петицата може да го реши овој проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.