Одгледува три деца во најстудениот град на светот, а вака изгледа нејзиниот ден на -64°C

Оваа мајка нема помош од други, но кога нејзиниот сопруг и нивните две деца одат на работа и на училиште, таа останува сама со бебето и вака изгледа нејзиниот секојдневен живот на сибирскиот студ.

Сардана има 32 години , мајка на три деца и живее во најстудениот град на светот – Јакутск , каде што во зима температурата паѓа на -64°C . Иако ни изгледа незамисливо да функционираме на таква температура, нивниот живот продолжува нормално, а оваа мајка откри како изгледа еден ден на нејзиното семејство во овие екстремни, сибирски услови. 

Сардана и нејзиниот сопруг Игор имаат син Максим (12), ќерка Вика (7) и најмалото дете – ќерката Арина, која имала само еден и пол месец за време на снимањето на документарецот . 

Како што можете да видите во видеото, во куќата е топло – околу 25 степени Целзиусови , па затоа носат кратки ракави, но за да излезат надвор им е потребна задолжителна и долга подготовка. Важно е да знаат што да облечат и како да го одржат телото топло, а тоа е истегнување наутро. 

„Во Јакутск, дури и најмалите детали не се прашање на навика, туку на преживување“, рече Сардана. 

Иако во куќата е секогаш топло, таа објаснува дека греењето е исклучително скапо, а поради ова, воздухот станува сув, па затоа мора да внимава кожата на бебето да не се исуши, односно постојано да се грижи за неа. 

Откако децата и сопругот ќе излезат на своите обврски, Сардана ги извршува домашните работи, а меѓу нив е и една што не е вообичаена за нас – одење по вода, т.е. блокови мраз од кои ќе црпи здрава, вода за пиење . Не им треба замрзнувач за храната, а веќе можете да претпоставите зошто…

Иако изгледа чудно, тие исто така ја сушат облеката надвор на воздух, практика што ја сметаат за корисна бидејќи веруваат дека студот ги убива бактериите. 

Сардана се грижи за детето сосема сама, бидејќи нема никој да се грижи за нејзиното бебе. Затоа ја носи насекаде со себе кога оди со автомобил, и истакнува дека тоа може да биде опасно поради огромната температурна разлика. Затоа го облекува бебето во неколку слоеви и се грижи ниту еден дел од кожата да не биде изложен на студ .
The post Одгледува три деца во најстудениот град на светот, а вака изгледа нејзиниот ден на -64°C appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: