Одговорот на Руската амбасада на телефонскиот разговор на Заев со руските пранкери:

Жали што се нашол на листата на руските шегаџии и што порано не сфатил дека е насанкан, но истовремено му е и утеха што е во добро друштво, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по повод објавените телефонски разговори кои тој незнаејќи ги водел со лажниот Петро Порошенко (тогашен украински претседател) и однапред снимениот Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО, алудирајќи на купот звучни светеки политички имиња кои досега имаат настрадано од руските комичари и пранкери Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров.
Знаев, меѓу другото, порача дека неговата отвореност и достапност била искористена како слабост од организирана структура која е против НАТО и сака да им наштети на нашите интереси, меѓу кои и нашето извесно членство во Алијансата кое се уште е во фаза на ратификација меѓу земјите членки.

Во меѓувреме со “став“ по ова прашање се произнесе и Абасадата на Руската Федерација во Северна Македонија.
“Не коментираме активности на приватни лица, особено не шеги на комичари“, велат оттаму во одговорот на барањето на “Независен весник“ да ги коментираат телефонските разговори на македонскиот премиер со “Порошенко“ и “Столтенберг“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK