Одговор кој нè интересира сите: Колкава е веројатноста да се заразите со Ковид-19 доколку носите маска?

Во последните неколку денови во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија, сè поголем е бројот на заразени луѓе од Ковид-19.

Се појавија нови жаришта, а во некои од градовите во земјите од регионот се враќа и вонредната состојба. Епидемиолозите велат дека тоа е вториот пик од првиот бран на коронавирусот.

Епидемиолозите повторно имаат свои препораки до Владите и граѓаните, а што подразбираат истите?

Избегнување на масовни собири, одржување физичка дистанца, носење заштитни маски во затворени простори и градски превоз, редовно одржување хигиена – што значи често миење раце.

Доколку не сте во можност да ги измиете вашите раце со вода и сапун тогаш тоа направете го со средство за дезинфекција.

Многу од граѓаните и понатаму се сомневаат во делувањето на носењето на заштитните маски и се прашуваат дали истите може да ги заштитат?

Следната илустрација го дава одговорот на тоа прашање:


Дополнително објаснување:

Доколку во директен контакт се најдат Ковид-19 позитивен и здрав човек, а и двајцата не носат заштитна маска – стапката на пренесување на вирусот е 100 отсто.

Доколку дојде до контакт на здрав човек кој што носи заштитна маска и човек кој што е позитивен на Ковид-19, а не носи заштитна маска – стапката на пренесување на вирусот изнесува 70 отсто.

Доколку Ковид-19 позитивна личност носи маска, постои 5 отсто шанса да зарази здрава личност која што не носи заштитна маска.

Доколку во директен контакт се заразен човек од Ковид-19 и здрав човек и притоа и двајцата носат заштитна маска тогаш шансата да дојде до пренесување на вирусот е само 1.5 отсто.

Значи, сепак носењето заштитна маска помага во спречување на ширењето на Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.