Одличен десерт што можат да го направат и вашите деца

Овој колач е навистина лесен и брз за подготовка и можат да го направат дури и вашите деца.
Одличен десерт што можат да го направат и вашите деца
Потребни состојки:
300 грама мелени бисквити
100 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
2 свежи банани


1 круша
1 кесичка ванилин шеќер
120 грама мелени ореви
+ 4 свежи банани
1 кесичка шлаг
200 милилитри млеко
Начин на подготовка:
Измешајте го маргаринот на собна температура со шеќерот во прав. Во смесата додајте ја ренданата круша и пасираните банани. Добро измешајте ја смесата.
Потоа додајте ги бисквитите, ванилиниот шеќер и оревите.
На фолија распоредете ја смесата, наредете ги целите банани по должина и направете ролат.
Оставете го ролатот во фрижидер за да се стврдне.
Декорирајте со шлаг, мелени бисквити и ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.