Одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто

Доколку сакате брз, едноставен и вкусен појадок ви предлагаме да си го подготвите овој рецепт. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!
Одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто
Потребни состојки:
Една кора готово лиснато тесто
1 изматено јајце + 1 неразматено за во тестото
сусам
сол


Начин на подготовка:
Земете една коричка лиснато тесто, ставете ја на работната површина, па отесечете круг со модла или чаша. Постапката повторете ја и со останатите кори доколку подготвувате појадок за повеќе личности.
Премачкајте ги корите со разматено јајце и наросете ги со сусам, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Круговите пред печење пресечете ги на поливинки, а подгответе ги за печење и квадратите кои ви останаа од тестото. Скршете по 1 цело јајце во секој од празните кругови.
Печете го тестото 5 минути во загреана рерна на 250 ᵒС.
По желба наросете со магданос и уживајте. Половинките печено лиснато тесто може да ви послужат за макање во жолчката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.