Одличен секс со кондом – еве како!

Повеќето парови, а посебно мажите се против употреба на кондоми. Иако, сите знаеме дека само сигурниот секс е добар секс, на никого не му е особено драго кога мора да издвои време за да се „заштити“ односно да стави кондом. Наместо тоа да ви биде најомразен дел од сексот, претворете го во нешто забавно и интересно.

Сам свој мајстор – Ако секогаш тој е задолжен за да го „намести“ кондомот, сменете ги улогите. Полека навлекувајте го кондомот, а за тоа време гледајте го во очи и кажете му дека уживате во тоа. Може да користите и кондом со вкус, па тоа да го направите со усните. Како и да е, навлекувајте го кондомот полека за додатно да ја зачините предиграта.

Внимателно изберете – не се сите кондоми исти, па затоа потрудете се да го најдете оној кој најмногу ви одговара и на вам и на вашиот партнер. Може да ги испробате оние со нерамнини, или пак оние потенките. За да го направите сексот уште поудобен, може да се послужите и со лубрикант, кој ќе го подобри чувството на пенетрација.

Кондоми за жени – Испробајте кондом за жени. Внатрешниот круг на овие кондоми се сместува во теото, додека надворешниот круг останува надвор и е одличен за стимулација на клиторисот. Може да го користите и како секс играчка. Мажите се воодушевени од женските кондоми, многумина велат дека додатно ги стимулира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.