Одличен предлог за торта за Новогодишната ноќ. Изненадете ги пријателите…
Потребно е:
500 г мармалад од костени
200 г млечно чоколадо
200 г путер
6 јајца
100 г мелени бадеми
3 лажици брашно
за глазурата:
150 г црно чоколадо
100 мл млечна слатка павлака (со мин. 30% масленост)
1 лажиче путер
и уште:
малку кандирано овошје и чоколадо за декорација
Подготовка:
– Подгответе го калапот за печење со дијаметар од 23 см. На дното ставете хартија за печење, а ѕидовите премачкајте ги со малку путер.
– Путерот и чоколадото заедно растопете ги на пареа и оставете ги неколку минути да се изпадат.
– Раздвоите ги белките и жолчките од јајцата. Белките со миксер изматете ги во густ шлаг.
– Исто така и жолчките убаво изматете ги. Додадете ги растопеното чоколадо и путерот и на крај мармаладот од костени. Повторно убаво изматете.
– Во таа смеса постепено додадете го шлагот од белки и полека мешајте со дрвена лажица.
– Во смесата додадете ги мелените бадеми и брашното и измешајте. Смесата сипете ја во подготвениот калап
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 35 минути. Внимавајте да не ја препечете, затоа што тортата треба да биде сочна кога ќе се излади. Оставете потполно да се излади и извадете ја од калапот.
– За глазурата, на пареа растопете ги чоколадото заедно со слатката павлака и путерот. Оставете малку да се излади и со ова премачкајте ја изладената торта.