ОДМАЗДА ЗА СЕВАСТОПОЛ: Почна втор бран на ракетирање! Нови удари врз Запорожје, Павловград и Днепар!

Како резултат на нападот на Киев, оштетена е зградата која снабдува со електрична енергија околу 350.000 станови, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Кабинетот на Зеленски објави: Вонредни рестрикции за струја

Низ Украина се воведуваат итни прекини на струја поради масовното гранатирање на критичната инфраструктура, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател.

Во Запорожје, крстаречка ракета погоди електрична трафостаница во хидроелектраната Днепрогес, над која извира густ црн чад.
Нападнат бил и Дњепропетровск
Днепропетровск беше цел на руски крстосувачки ракети Х-101, уништена е нуклеарна централа во Черкеск, а цел беше и енергетската инфраструктура во Киев.
ОДМАЗДА ЗА СЕВАСТОПОЛ: Почна втор бран на ракетирање! Нови удари врз Запорожје, Павловград и Днепар!

Рано утринава главниот град на Украина повторно беше бомбардиран од крстосувачки ракети Х-101 истрелани од стратешки бомбардери. Како што информираше Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Зеленски, Русите рано утринава лансирале 40 крстосувачки ракети кон Украина, а покрај Киев биле погодени и Одеса, Харков, Днепропетровск и Запорожје.

Градот Запорожје остана целосно без струја во вториот повторен напад. Погодени се објектите на хидроцентралата Днепар, хидроцентралата Јужднестровское, хидроцентралата Каневскаја и хидроцентралата Кременчугск.

Од раните утрински часови во Украина се погодени 36 енергетски објекти. Русија изведува ракетни напади на територијата на Украина која граничи со Молдавија во регионите Виница и Хмелницки. Според очевидци, во градот Окнита се слушнале најмалку 5 експлозии кои потресле дури и повеќекатници. Експлозии се слушаат и од Новоднестровск. Некои градови за првпат се мета на ракетни напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.