Кога принцезата Дајана се појави на гала-церемонијата во галеријата „Серпентин“ во Лондон на 29 јуни 1994 година, сите очи беа вперени во неа.
Таа вечер, Дијана блескаше во елегантен црн фустан со отворени рамена, дизајниран од грчката дизајнерка Кристина Стамболијан. Со фустанот носеше впечатлива огрлица од бисери и сафири, а нејзиниот изглед наскоро стана еден од најзначајните модни моменти на сите времиња.
Принцезата од Велс привлече огромно внимание од јавноста со тоа појавување. Тесниот црн фустан беше еден вид отстапување од строгиот кралски протокол, поради што за неговото објавување се пишуваше нашироко. Многумина го доживеаа како одговор на Дијана на јавното појавување на нејзиниот тогашен поранешен сопруг, принцот Чарлс.
Имено, принцот Чарлс ги потврди гласините за неговото неверство во документарец на ITV емитуван година и пол по нивната разделба. После тоа, црниот фустан на Дијана го доби прекарот „фустан за одмазда“ , бидејќи нејзиното појавување во него јавноста го доживеа како силна порака до нејзиниот поранешен сопруг.
Сепак, интересно е што Дијана го избрала овој фустан многу порано. За време на едно шопинг патување, таа му рекла на грчкиот дизајнер дека сака посебен фустан за посебна пригода, без разлика дали ќе биде краток или долг, но дека мора да биде нешто навистина посебно. Во тоа време, не можела ни да претпостави колку важен ќе дојде моментот кога конечно ќе го облече.
Изборот на Дијана за црн фустан имал и подлабока симболика. Според Сидони Робертс, асистентка на костимографката во серијата „Круната“, црната боја претставувала крај на нејзиниот брак и заминување од палатата, но во исто време и почеток на ново поглавје – раѓање на силна и независна жена.
The post „Одмаздничкиот фустан“ на Дијана повторно собира прашина: Тоалетaта сега се продава за вистинско богатство appeared first on Во Центар.



