Одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија



Одредени се двојките за полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.

Бранителот на трофејот Македонија ЃП ќе и гостува на Воска Спорт додека Шкупи во првиот натпревар го пречекува Тиквеш.

Во полуфиналето се играат по два натпревари, првите се закажани за трети, а реваншите за 17 април.

Според календарот решавачкиот натпревар за трофејот на програмата е на 22 мај, а почетокот е закажан за 19 часот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: