Од бабина кујна: Превкусни крофни со џем или еурокрем

Бабините крофни се највкусните крофни, според многу љубители на овој деликатес.
Овие крофни на крајот може да се ‘попрскаат’ со шеќер во прав, а ако ги комбинирате со чаша топло млеко – имате прекрасен оброк.
Потребни состојки
За тесто:
– 300мл. вода
– 20 мл. масло
– 550гр. брашно
– 20гр. квасец
– 1 лажица шеќер
– малку сол
За Фил:
– џем или еурокрем

Подготовка:
Од наведените состојки за тесто, формирајте меко тесто и оставете го да отстои 30 минути. Расукајте половина сантиметар и вадете со калап за крофни.
Спојувајте по две и со ножички исечете ја средината како на видеото, па на средината ставете лажичка џем или еурокрем. Оставете ги да отстојат некое време, па премачкајте ги со жолчка и печете на 190 степени околу 30-35 минути.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.