Од Биро за Јавна Безбедност во Борба против Организиран Криминал

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, ќе биде поставен на позицијата Началник на Одделот за борба против организираниот криминал, неофицијално дознава Пулс24 од полициски извори.Господинот што извади пиштол во собрание го замени на челната позиција како Директор на Бирото за Јавна Безбедност.
Како што дознаваме министерот за вратрешни работи Оливер Спасовски го назначил Велковски на чело на овој важен оддел по барање на премиерот Зоран Заев.
Пулс24
 се обиде да ја потврди информацијата кај портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој не извести дека ниту може да ја негира, ниту да ја потврди информацијата, по што не замоли да му испратиме меил со истото прашање, на кој сеуште чекаме одговор.Инаку, Велковски беше разрешен од владата од позицијата директор на БЈБ, по скандалот кој изби со злоупотребата на неговото службено возило со кое неговата ќерка замина на одмор во Грција во кампот Евридики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.