недела, 15 ноември 2026
Најново

Од вечерва врнежи од снег, снежната покривка некаде и над 20 сантиметри

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за хидрометеоролошки работи најави од вечерва врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта.

До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје почнувајќи од денес во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Поврзани вести