четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од денеска до 8 март собирање потписи за кандидат за претседател на државата, канцелариите на ДИК ќе работат од 8 до 20 часот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Постапката за собирање потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Македонија почна денеска и ќе трае до 8 март до 24 часот, потсетува Државната изборна комисија (ДИК).

-Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на Република Македонија. Работното време на подрачните канцеларии на ДИК е секој ден од 8 до 20 часот, вклучително и во сабота и недела и празници, наведува ДИК во соопштение.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ДИК соопшти дека до синоќа се поднесени вкупно осум Изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Македонија.

Тројца од подносителите на изјавите собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на ДИК и пред нотари кои самите ги определиле. Тоа се Вело Марковски,Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски.

Петорица од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за Претседател на Република Македонија ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија. И тоа Томе Николоски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски и Ѓорѓи Манасков.

Поврзани вести