Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите колеги од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Охрид секој ден од 7 јули до 31 август 2026 година.
Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона оваа година, униформираните полицајци и еден крим-полицаец од Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите колеги од Северна Македонија, соопшти срспката влада.
Српските државјани кои престојуваат во Охрид во текот на горенаведениот период можат да се обратат до полицијата за информации и помош на следните телефонски броеви:
униформирани полицајци – 064/892-7140, 064/892-1348 или
064/892-6876, како и крим-полицаец на 064/892-2801.
The post Од денеска српска полиција ќе става ред во Охрид appeared first on Provereno.



