ОД ДЕНЕС: Само вакцинираните од Македонија можат да влезат во Швајцарија

Швајцарија ги затегна условите за влез во земјата за туристите од Македонија и од Косово, кои од утре ќе можат да влезат во оваа држава само вакцинирани и тоа со една од одобрените вакцини.
На невакцинираните ќе им биде дозволен влез само во ситуации „на крајна неопходност“.
Според Државниот секретаријат за миграција, за такви ќе се сметаат само смртта на роднини, судските повици или итните посети на претставниците на власта.
Новата регулатива нема да важи за граѓаните на Македонија и на Косово кои имаат дозвола за престој во Швајцарија.
Причината за новите мерки е влошената епидемиолошка состојба во двете балкански земји и фактот дека по летните одмори многу луѓе се вратиле во Швајцарија со корона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.