Витаминот Д е неопходен за човечкото тело бидејќи го одржува здравјето на коските, менталното здравје и помага при спиење. Затоа неговиот недостаток може да доведе до сериозни последици.Според Националниот институт за здравје, секој четврти возрасен во САД има ниски нивоа на витамин Д. Докторката Минди Лејси вели дека тоа кај пациентите кои се борат со замор и оние со проблеми со коските.
- На 24 декември човештвото ќе постигне успех еквивалентен на нашето слетување на Месечината
- Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март
- Дневен хороскоп за понеделник 23 декември! Успехот ги следи Раковите, Лавовите мора да внимаваат на сообраќајот
- Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна
- Костадиновски за изјавите на Мицкоски: Ирелевантно е кој ги избрал уставните судии
- ЛГБТ заедницата нема да помине добро; Трамп откри: Ќе ставам крај на лудилото
- Од март директна авиолинија од Скопје до Амстердам
„Недостатокот на витамин Д е се почест во последниве години“, објаснува д-р Лејси.
Таа наведува дека многу пациенти не покажуваат симптоми, но ако се чувствувате уморни, имате болки во коските или имате промени во расположението, тоа се знаци дека имате ниско ниво на овој витамин.
Сепак, ова не се единствените симптоми кои укажуваат на неговиот недостаток. Луѓето кои имаат ниски нивоа на витамин Д може да доживеат симптоми на депресија и губење на косата и апетит. Исто така, полесно се разболуваат, почесто се соочуваат со болки во мускулите и имаат бледа кожа.
Доколку имате еден од овие симптоми, најдобро би било да се консултирате со лекар, кој ќе го анализира опсегот на витамин Д во вашето тело.
Доколку се утврди дека имате прениско ниво на витамин Д, ќе мора да користите суплементи, но освен нив препорачливо е да поминувате повеќе време на отворено и да консумирате храна која е извор на витамин Д. Тука секако спаѓаат и видовите на риби како лосос, туна, пастрмка и скуша, но и жолчки од јајце и говедско месо и црн дроб од риба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.