Од здравствени причини не дојдов во Крушево, се гледаме во вториот круг

На Фејсбук професорката Гордана Силјановска Давкова им се обрати на жителите на Крушево, им се извини за отсуството и вети дека ќе се дружи со крушевчани во вториот круг на изборите.

Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам.
Во градот херој, ги поздравив бранителите од 2001 година. Со жално срце констатирав дека седум години по Смилковското Езеро, правен епилог нема. Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK