Од килограм јаболка настанува слатко чудо: Торта која мора да ја пробате, рецептот ќе ве воодушеви

Вкусна и убава торта од јаболка – задолжително направете ја бидејќи сигурно ќе ви се допадне, брзо се прави и е идеална за овие зимски денови…
Потребни состојки:
За кора:
– 3 јајца
– 3 лажички шеќер
– 1,5 лажица брашно
– 1,5 лажица густин
– 1 лажица масло за јадење
Фил 1:
– 1 кг. јаболка
– 1 л. вода
– 350 гр. шеќер
– 10 гр. желатин
– 2 ванилин шеќер
Фил 2:
– 650 мл. вода од варени јаболка
– 2 пудинзи од ванила
– 2 ќесички шлаг

Начин на припрема:
1. Белките одвојте ги од жолчките, па изматете ги во цврст шлаг, постепено додавајќи шеќер.
2. Потоа додавајте една по една жолчка и маслото, постојано матејќи со миксер.
3. На крајот додадете ја мешавината од брашно и густин, па полека мешајте со лажица.
4. Обложете плех за печење со пречник од 20 центиметри и во него налејте ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека смесата не добие златножолта боја.
5. Излупете ги јаболката, исчистете ги од семки и исечете ги на крупни коцки. Ставете ги во тенџере, налејте вода, додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и варете сè додека не омекнат.
6. Процедете ги и измиксирајте ги во блендер, а течноста во која се вареа зачувајте ја. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и измешајте, а потоа додадете го во кашата од јаболка и оставете да се излади.
7. Измерете 650 милилитри течност во која се вареа јаболката, па ставете 500 милиметри во тенџере и варете додека не зоврие. Во преостанатите 150 милилитри течност разматете го пудингот, па додадете го во зовриената течност.
8. Гответе на умерена температура непрекинато мешајќи додека не се згусне.
9. Најпрвн премачкајте го тестото со филот од јаболка, а врз него додадете го вториот фил и ставете го во фрижидер да се стегне.
10. Декорирајте со шлаг и парчиња јаболко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.