Од компликации од морбили почина 13-месечно дете

Од Министертвото за здравство известуваат дека вчера во попладневните часови на Клиниката за детски болести во Скопје почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници).
Се работи за 13-месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми.
Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.
-Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.