Од лавина во Банско загинаа двајца сноубордери

Две лица загинаа во снежна лавина која денес околу 11 часот се струполи кај Банско во Бугарија. Како што јавуваат бугарските медиуми, едниот сноубордер загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од натрупаниот снег, но набрзо им подлегнал на повредите. Лавината ги влечела загинатите сноубордери, грчки туристи цели 800 метри, јавува бугарски „24 часа“.
Според официјални информации надлежните со денови апелирале на опасноста од лавини. Според неофицијални информации, пак, се трага по уште двајца скијачи, исто така грчки туристи кои се водат за исчезнати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.