Социјалните медиуми станаа дневна доза на инспирација, а покрај советите за мода и убавина, во последно време можете да најдете и многу трендови за здрава исхрана. Еден од најпопуларните трендови на Инстаграм е синиот појадок чијшто главен додаток е синиот екстракт од спирулина и токму поради прекрасната нијанса на сина боја овој појадок е вистинска атракција на социјалните мрежи.
Од оваа здрава намирница ќе направите совршена фотографија за на Инстаграм
Спирулината е еден вид сино-зелена алга која се наоѓа во езерата и океаните. Таа е богата со витамини и со важни хранливи материи и поради тоа стана толку популарна. Спирулината е целосен протеин што значи дека ги содржи сите 9 основни масни киселини, а малкумина знаат дека спирулината содржи дури 10 пати повеќе бета-каротен од морковите.
View this post on Instagram
Rise and shine! Enjoy pancakes the ICONIC way from @learningfrombalance ?
Спирулината има одлични детоксикациски својства, а едно истражување покажало дека ја поттикнува елиминацијата на токсините и на другите штетни материи од крвотокот. Таа има моќно антиинфламаторно дејство и поради тоа е добра во превенција на хроничните воспалителни заболувања како што е ревматоидниот артритис.
Спирулината содржи железо и витамини што му се потребни на организмот, па затоа е одличен додаток во исхраната. Иако има интензивна боја, таа не го менува вкусот на храната, па затоа нема точна препорака за количината што треба да ја ставите во вашиот оброк.