Од полноќ горивата поскапуваат за 2 денари

Од полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари, на Еуросупер 98 71,50, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.