Пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.
Од ноќеска на полноќ, бензините “Супер 95“ и “Супер 100“, поевтинуваат за 1 денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за 2 денара и неговата нова цена ќе биде 64,00 денари за литар.
Од РКЕ наведуваат дека доколку трговците и оваа седмица самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета, а дизелот ќе поевтинеше за 1 денар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.