четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од полноќ поскапува ЕУРОСУПЕР-95, останатите горива ќе се продаваат по иста ценa

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Втора одлука во текот на неделата од страна на Регулаторната комисија за енергетика околу цената на горивата и нафтените деривати. Според последната одлука, од полноќ на 16-ти февруари, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво
како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 79,50 ден/лит.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,732 ден/кг.

Поврзани вести