четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од почетокот на месецов: За само 20 ДЕНА – Казнет е секој СТОТИ ГРАЃАНИН во државата!!!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од почетоков на месецов заклучно со вчерашниот ден (20.02.) полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

18.132 по сто е еднакво на 1.812.200. Во превод, казнет е секој СТОТИ ГРАЃАНИН во Македонија, заедно со новородените, децата и сите оние што не возат! Доколку се направи процент на оние со возачка, процентот ќе биде мнооогу поголем. Замислете само каков би бил кога би бил вклучен СЕЈФ СИТИ системот? Тогаш, веројатно, секој втор возач би добил казна…

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 и непоседување на возачка дозвола – 1.510.

Инаку, во рамки на вчерашните активности на полициските службеници во поглед на постојаните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, според статистичките показатели, беа издадени 864 платни налози. Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци.

Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.

Покрај ова евидентирани се 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, и три минувања на црвено светло. Во 21 случај, согласно Законот за возила, од сообраќај се отсранети нерегистрирани возила.

Поврзани вести