Од Русија илегално изнесени 49 милијарди долари

Државјаните на Русија илегално изнеле 49 милијарди долари надвор од земјата минатата година, што одговара на 2,5 отсто од бруто-домашниот производ, изјави гувернерот на руската централна банка Сергеј Ињатијев.„Тоа се однесува на дрога или други производи забранети во Русија, мито исплатено на сметките во странство на функционери или челници на компании…како и разни фискални проневери“, рече Ињатијев за дневниот весник „Ведомости“.Вкупниот одлив на приватен капитал, легален и илегален, институциите го процениле на 56,8 милијарди долари за 2012 година, наспрема 80,5 милијарди долари во 2011 година. Тој индикатор се следи во економските кругови кои во него гледаат знак на лоша клима за работење што владее во некоја земја.Ињатијев процени дека заради тој одлив буџетот останал без околу 450 милијарди рубљи или 11,1 милијарди евра.
МакфаксДржавјаните на Русија илегално изнеле 49 милијарди долари надвор од земјата минатата година, што одговара на 2,5

Пронајдете не на следниве мрежи: