четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од синоќа нема слободно место на Инфективна!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од претходната ноќ нема слободно место на Клиниката за инфективни болести во Скопје, сите капацитети се исполнети, објави „360 степени“, повикувајќи се на потврда од министерот за здравство Венко Филипче.
„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил Филипче, кој смирува дека нема место за паника.
На помош е дојден и персонал од Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза.
Според последниот извештај на Министерството за здравство, објавен денес, на Инфективната клиника се лекуваат 86 заразени со Ковид-19, но очигледно е дека попладнево биле хоспитализирани уште пациенти.

Поврзани вести