четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од среда протест на возачите на ЈСП, Арсовска како и за се друго – жали!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независниот синдикат во ЈСП „Скопје“ за среда (15 јуни) најави протест на возачите на автобуси на кој ќе испорачаат барања за зголемување на платите и за подобрување на, како што велат, „тешките услови за работа“.

Данела жали и оценува дека некој политички протестира. Возачите пак велат условите за работа се тешки и неиздржливи

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Протестот е организиран од страна на Независниот синдикат на возачите и според најавите ќе се реализира на 15, 16 и на 17 јуни, во периодот од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје“.
Данела Арсовска: Многу ми е жал.

-Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат, кажа Арсовска.

Протестот е организиран од страна на Независниот синдикат на возачите и според најавите ќе се реализира на 15, 16 и на 17 јуни, во периодот од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Поврзани вести