Од утре нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во текот на денешниот ден треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе започнат да важат од полноќ.
Со последната промена имавме поскапување за 0,5, односно 1 денар на бензините, додека цената на дизелот остана иста.


Што значи, ЕУРОСУПЕР БС 98-ца се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 62,50 денари за литар, а дизелот остана 60 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.