четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од утре повторно дожд и грмежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36. 

Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 34 степени. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува и во среда и четврток за кога дневните температури се очекува да изнесуваат максимум 33 и 34 степени.

Поврзани вести