Од 1 октомври со воз само низ Македонија

Единствените меѓународни возови кои еднаш дневно сообраќаа на линиите Скопје-Солун и Скопје-Белград од почетокот на следниот месец се укинуваат. На сајтот на Грчки железници веќе е потврдена оваа информација, додека од Српски државни железници потврди сеуште нема, но билети не се продаваат.
Според очекувањата од 1 октомври до крајот на актуелниот возен ред нема да сообраќа возот на релацијата Скопје-Солун-Скопје, а оваа информација Грчки железници веќе ја потврдуваат на својот сајт.Со воз, исто така од 1 октомври нема да може да се патува ниту кон Белград, иако за сега од Српски државни железници информацијата сеуште не е официјално потврдена.
Сепак на Железничката станица во Скопје за овој воз кој секој ден во 22:19 поаѓаше од Скопје кон Белград во моментов не можат да се купат билети.
Дека меѓународниот сообраќај од следниот месец во целост се укинува информација може да добиете од благајната на Железничката станица во Скопје. Тоа значи дека македонските патници веќе нема да можат со воз да излазат надвор од границите на нашата земја, а причината за тоа официјално не е објавена на веб-страницата на Железници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.