„Ознаките се јасно видливи“: Русите тврдат дека откриле чии ракети убија двајца во Полска

Руското Министерство за одбрана излезе со соопштение за вчерашната експлозија во Полска, во кое се наведува дека на ракетите се гледаат украински ознаки на С-300.

Руското министерство категорично негира вмешаност во експлозијата во Полска. Според соопштението, Русија во вторникот извршила масовен напад врз воени цели и енергетска инфраструктура во Украина и ги постигнала своите цели.

„Ознаките се јасно видливи“: Русите тврдат дека откриле чии ракети убија двајца во Полска

Нагласено е дека ударите со висока прецизност биле изведени само на територијата на Украина и не поблиску од 35 километри од украинско-полската граница.

Наводите за пад на руски ракети во полско село се намерна провокација за ескалација на ситуацијата, тврди руската страна, наведувајќи дека на фотографиите од остатоците од ракетите се гледа украинската ознака на С-300.

Оваа верзија се согласува со онаа што пристигна од Соединетите Американски Држави. Претседателот Џозеф Бајден синоќа најави дека не може да потврди дека руските проектили убиле две лица во Полска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.