„РАКЕТИТЕ СЕ РУСКО ПРОИЗВОДСТВО“ Полска: Бараме итни објаснувања, Бајден: Ракетите веројатно не полетале од Русија!

Министерството за надворешни работи на Полска потврди дека ракета од руско производство паднала на полска територија, но американскиот претседател Џо Бајден се сомнева дека ракетите биле истрелани од Русија.

На 15 ноември 2022 година следеше неколкучасовно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација. Во 15 часот и 40 минути во село во областа Хрубесов падна ракета од руско производство, при што загинаа двајца полски државјани.

Во врска со овој настан, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау, го повикал амбасадорот на Руската Федерација во МНР и побарал итни детални објаснувања – се вели во соопштението на Министерството.

Американски официјални лица: Ракетата што падна во Полска ја истрелаа Украинци
Новинската агенција АП цитираше тројца американски функционери кои велат дека прелиминарната проценка сугерира дека ракетите биле истрелани од украинските сили насочени кон дојдовен руски проектил.

Бајден: Ракетата веројатно не полетала за Полска од Русија
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ракетата што синоќа уби две лица во Полска најверојатно не била истрелана од Русија. Бајден го објави ова по разговорите со западните лидери поради загриженоста дека конфликтот во Украина може да се прелее и во соседните земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.