Околу 200 убиени во Нигерија во судири меѓу војската и бунтовниците

Најмалку 185 луѓе се убиени на северозападот на Нигерија во саботата и неделата во судирите меѓу владините воени сили и исламистичките екстремистички групи, пренесува Associated Press повикувајќи се на локалните власти.

 Според бригадниот генерал Остин Едокпаје, кој раководел со операцијата, исламистите ги користеле локалните цивили како жив штит. Тој не ја исклучил можноста бројот на жртвите да биде поголем.
Борбите во рибарскиот град Бага започнале уште во петокот, при што според генералот Едокпаје војниците кои опколиле џамија сомневајќи се дека во неа се сокриени припадници на екстремистичката група Боко Харам, биле нападнати со минофрлачки оган, на што одговориле со оган од автоматско оружје бидејќи борбите се воделе во близина на цивилни населби. Локалното население се обидувало да се сокрие во блиските места на брегот на езерото Чад. Дури во неделата војниците се почувствувале безбедни да можат да извршат пребарување на теренот при што наишле на уништени домови, продавници и возила.
Нападот претставува значајна ескалација на долготрајниот бунт со кој Нигерија се соочува во нејзиниот северен дел доминантно населен со муслиманско население, при што во координираниот напад врз војската е користено воено формациско вооружување.
Одговорноста за смртоносните напади, често ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам, основана во 2002 година која бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларен модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа. Боко Харам е обвинета за убиствата на повеќе илјади луѓе во терористичките напади коишто ги интензивираше во северна Нигерија од 2009 година.
Макфакс
Најмалку 185 луѓе се убиени на северозападот на Нигерија во саботата и неделата во судирите меѓу владините воени сили

Пронајдете не на следниве мрежи: