Околу 30 проценти од американците веруваат дека Бил Гејтс се подготвува да ги микрочипира луѓето
Едно ново истражување покажало дека повеќе од 25% од Американците и 44% од републиканците веруваат во необична теорија на заговор според која Бил Гејтс планира да користи вакцина „Ковид-19“ за имплантација на микрочипови кај луѓето. Анкетата, е спроведена од Yahoo News и YouGov меѓу 20 и 21 мај, и прашани се 1.640 американци во врска со оваа теоријата на заговор. И на неа позитивно се изјасниле околу 30 проценти од возрасните американци.
Околу 19 проценти од демократите веруваа во теоријата на заговор за Бил Гејтс, кој покрај неговите деловни потфати е добро познат по својата јавно-здравствена филантропија. Мнозинството демократи (52%) ја идентификуваат теоријата како лажна. Теоретичарите на заговор тврдат дека Гејтс ја користи пандемијата „Ковид-19“ како начин да се поттикне вакцина која вклучува микрочип способен да ги следи луѓето, а со тоа и светската популација.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.