ОКТА: Финансиски резултати за првиот квартал од 2020 година

ОКТА: Финансиски резултати за првиот квартал од 2020 година

ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на КОВИД – 19. Приходите од продажба достигнаа 4,932 милиони денари, споредено со 5,613 милиони денари истиот период минатата година. Бруто маржата,следејќи го истиот тренд, достигна негативно ниво од 133 милиони денари, што е значително пониско споредено со232 милиони денари воистиот период минатата година, главно поради споменатиот негативен ефект од падот на меѓународните цени на горивото.Ова доведе до исправка на вредноста на залихите воизнос од 171,3 милиони денари, како и негативен ефект на залихите во износ од 166 милиони денари. Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2020 година достигна негатива од 323 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 29 милиони денари забележана истиот период минатата година.

Последици и справување со КОВИД – 19 – Клучни случувања

Прогласувањето на пандемија од КОВИД – 19, како и мерките за справување кои беа имплементирани на глобално ниво, имаа значително влијание на економијата, при што беше погоден и меѓународниот енергетски сектор. Според проценките,падот на глобалната побарувачка за време на рестрикциите на движење и на економските активностиќе достигне, па дури и ќе го надмине прагот од 20%, во текот на вториот квартал од 2020 година, што ќе доведе до голем пад и непредвидливост на цените на суровата нафта и на нафтените деривати. Дополнително,неможноста на постоечките капацитети за складирање да го апсорбираат вишокот на понуда, резултираше со договор на земјите производители на нафта за намалување на производството за c.10mbpd започнувајќи од мај, додека повеќето светските рафинерии работат со намален капацитет, па дури и ќе бидат целосно затворени во текот на вториот квартал од 2020 година. Домашниот пазар, исто така, бешепогоден, што доведе до намалување на побарувачката на автомобилските горива во текот на месец април.

Компанијатауште на почетокот на февруари, воведе серија мерки за справување со кризата, при што главни приоритети беаздравјето и безбедноста на вработените и клиентите, непречена работа на капацитетите со целнепрекинато снабдување на пазарот, притоа обезбедувајќи доволна ликвидност и справување  со ризик. Увидувајќи ја нашата позиција која е од суштинска важност за функционирањето на економијата и институциите во вонредна состојба, го одржавме работењето преку намалено користење и присуство на персоналот во работните простории, создавајќи резервен тим на вработени кои останаа дома, со можност да бидат ангажирани во ситуација на потврден случај со КОВИД-19 кај некој од членовите на активниот тим, што за среќа до сега се нема случено. Благодарение на ваквиот начин на работа, како и на големото разбирање од страна на властите за создавање услови, транспортерите безбедно да ги минуваат границите, обезбедивме непречен увоз и снабдување на пазарот со нафтени деривати во целиот овој период. Дополнително, беше воведен нов модел  за комуникација (WFH) со употреба на дигитални технологии, кој овозможи работа од дома за мнозинството вработени.

Истовремено, како општествено одговорнакомпанија, ОКТА обезбеди поддршка на здравствениот сектор во земјата, преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра, наменета за Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

ОКТА успеа да ја задржи својата стабилна финансиска позиција,која и дава можност накомпанијата да биде подготвена да се справи со сите последици кои би произлегле од кризата предизвикани од корона вирусот, во насока навраќање кон нормалното ниво на оперативност.

Во опкружување полно со предизвици, за менаџментот на ОКТА приоритет остануваат здравјето и безбедноста на вработените и клиентите, непрекинатото снабдување на државата со нафтени деривати, внимателнотоследење на развојот на настанитена домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на ситеможности кои ќе излезат во пресрет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.