Ок е да склучиш брак на 20-22. Ок е и на 32, на 42. Ок е и да не се омажиш – ожениш: Знате ли што не е Ок?

Ок е да си у врска. Ок е и да си сингл. Ок е да влегуваш од една у друга врска. Ок е и да си цела вечност сингл. Ок е да се омажиш или ожениш на 20 – 22. Ок е и на 32, на 42. Ок е и никогаш да не се омажиш (ожениш). Ок е да си хетеро. Ок е да си геј. Ок е да сакаш да си седиш дома у папучи и да гледаш вести цел еден век со брачниот партнер.
Исто така е ок да го спакуваш ранецот и да патуваш, да откриваш нови светови и никогаш да не останеш на едно место. Ок е со жена ти да идеш да пазариш у КАМ. Ок се и тие што место у КАМ отишле да пијат пиво сами или со друштво на некоја плажа и така цел живот. Ок е да купиш кола каде ќе ги собере вашите 3 – 4 деца и ќе идете на одмор у Пефкохори.
Исто е ок тоа што мене ми е доволен само мојот хамак и зелените дрва покрај некоја река. Ок е да сакаш да раѓаш. Исто така ок е да не сакаш да раѓаш. Ок е да си верник. Ок е да си атеист. Ок е да вариш ракија и да се собирате у двор цела фамилија до трето колено ако тоа ви дава чувство на припадност. Ок е да одиш по слави, свадби, крштевки и остали такви средби ако тоа прави да се чувствуваш посигурно во таквата заедница.

Исто така е ок и да мразиш свадби, крштевки и слични дешавки, не затоа што не ги сакаш тие луѓе, туку затоа што едноставно не ги сакаш таквите церемонии и не уживаш во такви настани затоа што ти немаат поента. И никој нема право да те нарече чуден или ненормален. Ок е место да јадеш прасе на некоја слава и да ти тропа тапан на уво, да останеш дома и по кој знае кој пат да си го изгледаш Амадеус.
Ок е да живееш во рамките. Ок е да живееш и надвор од нив. За ова второво треба храброст. Затоа повеќето се како првите, но ок е и тоа. Ок е да работиш од 8ч до 16ч и за викенд да идеш у Паралиа. Ок е да работиш трета смена и викенд да ти се понеделник и вторник и да заминеш на викенд у работен ден и тоа не на море, туку на планина. Ок е да се омажиш и да родиш. Ок е да родиш и да не се омажиш.
Знаете само што НЕ е ок? Тоа да се мешате во туѓите животи. Не е ок да мислите дека секој треба да живее така како што вие сметате дека е исправно и дека освен вашиот начин на живеење не постои ни еден друг исправен начин. Не е ок да мислите дека тие што не живеат како вас се загреота. Не е ок да мислите дека ако некој не живее по оние норми кои ги наметнува мнозинството, е помалку вреден. Напротив. Секое издвојување од толпата значи храброст и силен карактер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.