Оланд: И на Грција и на Европа им треба раст за излез од кризата

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја искористи во вторникот еднодневната посета на Грција за да го повтори својот става за неопходноста од јакнењето на економскиот раст, кој мора да ја следи фискалната реформа, истакнувајќи дека растот не е решение само за Грција, туку и за европската економска криза.Дочекан во Атина ако „пријател“, четири месеци откако посетата не германската канцеларка Ангела Меркел предизвика големи протести во грчката престолнина, францускиот претседател Франсоа Оланд јавно одаде признание на „значајните напори“ кој Грците ги вложиле за заздравувањето на нивните финансии и спроведување на структурните реформи.„Останувањето на Грција во еврозоната е позитивна работа. Цела Европа и натаму треба да и’ даде поддршка“, изјавил Оланд на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Антонис Самарас, по заедничкиот состанок.„Мораме да се погрижиме за враќање на растот и вработувањата. На Европа и’ е потребен поголем раст, бидејќи на тој начин ќе можеме да ги оствариме зададените цели за намалување на јавниот долг“, дополнил Оланд.Грција, на којашто партнерите од еврзоната и Меѓународниот монетарен фонд ланскиот декември и’ ја деблокираа новата транша од пакетот меѓународна финансиска помош поп шестмесечниот застој во исплатата, се надева дека еднодневната посета на францускиот претседател ќе ги поттикне неопходно потребните вложувања во нејзината економија за да се намали рекордно високата невработеност.Очекувано Оланд и навистина ги повика француските претприемачи да се вклучат во заздравувањето на грчката економија, особено во светлината на обемната програма за приватизација којашто од Грција ја бараат најголемите доверители Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.„Тука сум за да ги мобилизирам француските претпријатија да вложуваат во Грција“, рекол Оланд.Во врска со приватизацијата, „што ќе се појават понудите, француските компании мора да бидат тука“, додал францускиот претседател, особено истакнувајќи ја стручноста на тие компании во областите на „енергетиката, управувањето со водите, транспортот и железниците“, поточно во сите сектори во кои се најавени приватизациите на најважните грчки компании во државна сопственост.Грчкиот премиер Антонис Самарас кој е на чело на грчката коалициска влада составена од конзервативците од Неа демократиа, социјалистите од ПАСОК и умерената левица ДИМАР, му се заблагодари на Оланд за поддршката што Франција и’ ја дава на неговата земја во периодот кога светските пазари и дел од европските земји предвидуваа дека Грција ќе биде исклучена од еврозоната.„Франција изминaтите месеци силно нé поддржуваше за да останеме во Европа, а сега ги поддржува настојувањата и ние и Европа да излеземе од кризата“, изјави на прес-конференцијата Самарас.
Грчката економија од почетокот на рецесијата во 2008 година забележа пад изминатата година од 20 отсто, благодарејќи и на мерките за строго фискално штедење коишто ги бараат меѓународните кредитори за во 2013 година да се оствари првиот парцијален вишок во буџетот.Како што забележуваат странските агенции, Грците покажале што мислат за Франција и за нејзиниот претседател, воздржувајќи се од каки и да се јавни протест, за разлика од кога во посета престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел кога против жестоките мерки за штедење за што се вина се наоѓа во инсистирањата на Германија на улиците на главниот град Атина излегоа 30 илјади демонстранти.Инаку, посетата на Оланд е релативно слабо следена во грчките медиуми, бидејќи таму на сила е 24-часовниот штрајк на новинарите пред генералниот штрајк против новите мерки за штедење, кој е закажан за во среда.
МакфаксФранцускиот претседател Франсоа Оланд ја искористи во вторникот еднодневната посета на Грција за да го повтори својот

Пронајдете не на следниве мрежи: