Олимпијакос на Антиќ поведе против Ефес

 Кошаркарите на Олимпијакос, ЦСКА Москва и Реал Мадрид поведоа со 1:0 против своите опоненти во четвртфиналните серии во Евролигата.Олимпијакос во неизвесен натпревар, во кој доминираа одбраните на двата тима го победи Анадолу Ефес со 67:62. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ имаше незабележителен учинок во победата на својот тим, тој на паркетот мина нешто повеќе од 12 минути имаше само еден скок, а не постигна ниту еден поен (0/4 за три).Принтезис со 26 поени го предводеше Олимпијакос, додека кај Ефес се истакна Гонлум со 17 поени.ЦСКА ја оправда фаворитската улога против Каха Лаборал забележувајќи победа од 89:78. Теодосиќ со 17 и Крстиќ со 16 поени беа најефикасните играчи на рускиот првак, кај Каха се истакнаа Кузер со 17 и Ничиони со 16 поени.Реал Мадрид го декласира Макаби со 79:53, ‘кралскиот тим’ до победата го предводеа Фернандез со 15 и Миротиќ со 14 поени, кај Макаби ниту еден играч не постигна двоцифрен број на поени, најефикасен со девет кошеви беше Хикман.Вторите натпревари на програмата се во петок.
Макфакс Кошаркарите на Олимпијакос, ЦСКА Москва и Реал Мадрид поведоа со 1:0 против своите опоненти во четвртфиналните с

Пронајдете не на следниве мрежи: