Омилената водителка на Вучиќ ужива со својот „Крал на пецивата“: Откриено што прават кога нема камери и рефлектори (фото)

Познатата водителка на Пинк, која често ја нарекуваат „омилена вофотелка на Вучиќ“, Јована Јеремиќ , важи за една од најинтригантните личности на регионалната јавна сцена.Имено, Јована Јеремиќ ужива во врска со 14 години постариот бизнисмен Драган Станковиќ, чиј идентитет извесно време го криеше од јавноста. Јована неодамна почна да се појавува на градските настани со своето ново момче, а сега на својот Инстаграм профил покажа како таа и Драган го поминуваат сончевото неделно попладне.Водителката гордо направи селфи од нив заедно, а додека Драган ја бакнуваше не ја симна насмевката од лицето, па многумина заклучија дека славната двојка е вљубена до петици, пренесува Курир.Инаку, Драган е сопственик на пекара во Белград, која пред три години претрпе милионски штети, кога во текот на ноќта му се запали зградата од 1000 квадратни метри. Тогаш имало 700 вработени, а проценетата штета изнесувала меѓу два ипол и три милиони евра.Се зборуваше дека Драган е милионер, а во Грочка поседува огромна куќа во која Јована Јеремиќ, како што еднаш изјавила, поминува три дена во неделата. Податоци за приходите, расходите и нето добивката на Драган Станковиќ се објавени на страницата Ѕид на компанијата. Како што пренесува Мондо.рс, Станковиќ во 2022 година имал приход од 6.248.996.000,00 динари, додека расходот изнесувал 5.893.175.000,00 динари. Тоа би значело дека неговата нето заработка била 300.831.000 динари, што е повеќе од 2.500.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: