Татко му недозволено го однел дома кога се родил, има вонрачен син и два брака зад себе- Ова е необичната приказна на Хари Мата Хари

Босанскиот пејач Хари Варешановиќ, основач на групата „Хари Мата Хари“, во 2018 година го ожени својот вонбрачен син, Мак. Тогаш 26-годишниот Мак и неговата девојка Ружа Недиќ се венчаа во Сараево во круг на најблиското семејство и пријателите.

Хари со првата сопруга Аида има син и ќерка, но се разведоа откако се дозна дека го има вонбрачниот син Мак. Во 2010 година, Хари се прежени со Јасминка Иштук.
Пријателите на Хари велат дека е грижлив татко и дека не запоставува ниедно од своите деца. Тој е во добри односи и со првата сопруга.

Хари Варешановиќ навистина не сака кога жените му фрлаат градн ици на сцена кога настапува, пишува српски „Курир“.

На концертите на Хари Мата Хари жените не треба да фрлаат градници. Хари призна дека му пречат кога градници ќе се најдат на бината, зошто тогаш жените испраќаат погрешна порака.
– Kога некоја ќе ми фрли градн ик, ми е како некоја проститутка, тоа не ми се доаѓа, многу ми е евтино. Но кога ќе ми испратат насмевка од публиката, која говори нешто, е тоа ми ја крева опашката и ми го храни егото, многу повеќе од некое парче облека, вели познатиот босански шармер.
Пејачот избегнува да зборува во јавноста за приватниот живот, а зад себе има два брака и три деца. „За приватниот живот не сакам да зборувам.

Имам два брака зад себе и три деца. Дамир, Мак и Наѓа. Ќерка ми ми роди и два внука – Исак и Кан. Тоа е нашиот состав.
Сега во овие години, внуците будат многу нешта во мене. За своите деца речиси и немав време… Бев на турнеите, патувањата, се борев да работам, да успеам и да имам кариера, а потоа внуците доаѓаат во позрелите години кога имаш малку повеќе време за нив и токму тогаш ја откриваш љубовта.

Среќен сум што моите деца не се во музиката. Синовите ми се информатичари, а Наџа е доктор“, изјави славниот пејач.
Неговиот дедо, Мехага Варешановиќ, доајен на автохтоната севдалинка, го запознал со севдата и виолината уште во неговите најрани денови. А тој, немирно момче, им се обесуваше околу нозете на великаните како Сафет Исовиќ и Заим Имамовиќ, кои доаѓаа кај Мехага на часови по пеење, додека дедо му нежно му зборуваше.

Татко му недозволено го однел дома кога се родил, има вонрачен син и два брака зад себе- Ова е необичната приказна на Хари Мата Хари

Денес, Хари Мата Хари (55) е една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија, со кариера долга 34 години и 15 снимени албуми, чиј опсег, длабочина и боја на гласот ја маѓепсуваат публиката од Триглав до Ѓевѓелија.
И за себе сака да каже дека е еден од најжестоките шетачи во родното Сараево, сака да се дружи со луѓе во кафана, да се собира со пријателите околу маса полна храна.

-Јасминка моментално е во Минхен, но инаку живееме во Сараево. Таа е домаќинка, а тоа е најтешката работа. Долго време живеевме заедно, а и вонбрачната заедница ја сметам за врска, па ништо не ни се смени – само ја „завршивме“.
Тоа е убава врска, должината од повеќе од две децении зборува сама по себе. Јасминка има многу разбирање за мене. Таа е затворена, интровертна личност, не ја сака мојата работа, односно не сака да биде дел од неа, не сака да се слика или да шета по промоции.

Понекогаш знае да ми каже дека не е добро што познатите мораат да имаат жени покрај себе за да се сликаат… Би сакала таа да го сака тоа, но го почитувам нејзиниот избор, и не ја обвинувам што има таков карактер“, изјавил Хари за жена му.
Нему сè оди без проблеми, во приватниот и деловниот живот, но… Хари истакна дека најинтересниот настан во неговиот живот е поврзан со неговото детство и неговото раѓање, бидејќи неговиот татко буквално го ук рал од болницата.

„Во Сараево таа година зимата била исклучително силна. Новородените деца масовно умирале затоа што немало греење во болницата.
Татко ми и донел на мајка ми портокали, и тој буквално ме ставил во торба и ме одвел од страв да не умрам од студот. Јас на таков интересен начин, сум пристигнал во топлиот дом“, раскажа Хари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.