Омилен десерт од детството: Кокосови коцки со мармалад

Коцки со освежителен мармалад, потопени во чоколадо, па извалкани во кокос – има ли нешто подобро?
Дали како мали сте јаделе чоколадни коцки со мармалад, извалкани во кокос?
Многумина ги потсеќа ова на вкусот на детството, иако оригиналниот рецепт е според австралискиот специјалитет ламингтонс.
Но и оние што првпат ќе ги пробаат, ќе се заљубат на прво залче.
Потребни состојки:
За колачот:
3 јајца
150g шеќер
100ml масло
100ml млеко
130g брашно
10g прашок за печиво
Прстофат сол
За чоколадниот прелив:
250g темно чоколадо
250g путер
200ml млеко


За декорација:
300g кокос
Начин на подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките додека не добиете пенеста смеса.
Измешајте ги жолчките со маслото и шеќерот, па додадете го прашокот за печиво и постепено млекото.


Потоа додадете прстофат сол и полека измешајте ги белките со смесата од жолчки.
Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна 20 минути на 180 степени. Оставете колачот да се излачи половина час.
Оладениот колач поделете го на половина и внатрешниот дел намачкајте го со богат слој мармалад од јагоди/малини или друго црвено овошје. Преклопете со горниот дел и исечете коцки.
Стопете го чоколадото со путерот и млекото така што ќе добиете мазна смеса за фил.
Потопете ги коцките од сите страна, а потоа извалкајте ги во кокос.
Служете ги на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.