Омлет со зеленчук

Ако немате многу време за подготовка на семејниот оброк, овој рецепт на омлет со зеленчук ќе ви заштеди време, а вашите дома ќе го обожуваат.
Потребни состојки за 4 лица:
-1 лажица маслиново масло
-100 г црвена пиперка
-70 млад кромид
-100 г пченка шеќерец
-6 јајца
-30 г кашкавал
-2 лажици масло
-прстофат сол
Подготовка:
На загреано маслиново масло кратко попржете ја пиперката исецкана на коцки, младото кромитче исечено на кругови. Потоа додадете ја пченката и мешајте.
Одвојте ги белките од жолчките. Убаво изматете ги белките, а потоа полека додавајте ги жолчките, солта и изренданиот кашкавал.
Во тава на загреано масло излејте четвртина од подготвената смеса со јајца. Намалете ја температурата, посипете го делот со подготвениот зеленчук и пржете околу 3 минути.
Омлетот поклопете го и пред служење може да го наросите со исецкан магданос или млад кромид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.