Опасно вкусен: Мексикански рецепт за топено сирење

Queso fundido е традиционално јадење во северниот дел на Мексико кое се служи како закуска или топло мезе додека другата храна сè уште се подготвува и се служи со топли тортиљи.

Потребни состојки:
1 пиперка со средна големина
1 кромид
мелена лута пиперка (по избор)
240 грама моцарела
170 грама гауда сирење или едамер
170 грaма кулен
сол
тортиљи за сервирање

Начин на подготовка:
1.Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
2.Исечкајте ги пиперките и кромидот. Изрендајте ги моцарелата и двете видови сирење.
3.Исечкајте го колбасот на мали парчиња и пржете ги во тава додека не станат крцкави, околу 7 минути. Извадете ги и оставете ги на страна.
4.Во тавата со малку масло додадете бибер, кромид и малку сол. Зголемете ја топлината и пржете додека не омекне кромидот.
5.Тргнете ја тавата од оган. Вратете ги колбасите во тавата. Додадете ги двете сирења и добро измешајте. Префрлете ја смесата во огноотпорен сад и печете додека сирењата целосно не се стопат, околу 8 до 10 минути.
6.Послужете со топли тортиљи. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.